Компанијата Дизни од оваа година ќе започне да прима резервации за хотел кој ќе им биде наменет на љубителите на култната франшиза „Star wars“, а ќе го носи името „Star wars: Galactic Starcruiser“.
Овој хотел ќе понуди дводневен одмор во светот на „Star wars“, така што посетителите ќе доживеат симулација од патување, односно од лансирање во вселената.
Покрај најразличните филмски симулации, самиот хотел ќе биде уреден така што ќе има повеќе сличности со филмовите на „Star Wars“, па креветот ќе биде сличен на оној кој го користеше Чубака.
– „Star Wars: Galactic Starcruiser“ е потполно нов вид на искуство. Ќе живеете во големата „Star wars“ приказна – вели продуцентката на Дизни, Ен Моро, Џонсон.
Резервациите ќе бидат возможни оваа година, но првите гости ќе можат да го посетат хотелот во 2021 година.
Хотелот се наоѓа во претставништвото на компанијата „Волт Дизни“ на Флорида, а ќе има 68 соби за оние кои сакаат да ја доживеат приказната за познатата франшиза.
Бидејќи хотелот не е отворен, се уште не се објавени официјалните цени, но страницата Space.com пренесува дека сумата би требало да изнесува околу 3.000 евра по лице за два дена искуство.