17:15 - 22 август, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) БИЗАРНОТО ИНТЕРВЈУ НА ЏЕНИФЕР АНИСТОН”: Гледачите на емисијата „The One Show“на Би -Би -Си останаа зачудени

Светот е шокиран од бизарното однесување на Џенифер Анистон во телевизиското шоу, велат дека ова е најнепристојното интервју.

Гледачите на емисијата „The One Show“ на Би -Би -Си останаа зачудени по гостувањето на Џенифер Анистон, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари за нејзиниот однос кон  водителот Џенес Џејнс.

Анистон се придружи на нејзината колешка Рис Витерспун во шоуто преку видео повик за да разговара за нивната нова серија „Утринското шоу“, но овој разговор помина неславно.

Водителот, кој е инаку поранешен фудбалер, ја праша актерката какви се нејзините впечатоци од снимањето на вистинска утринска програма на која присуствуваше за да добие инспирација за серијата.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Актерката изгледаше прилично расеана, бидејќи таа одговори: “Сфатив дека тоа е бавно исцрпување. Тоа е речиси вампирска состојба на животот и умот во која вие луѓето упаднувате. Секој оживува среде ноќ и тоа е воз со бавно движење. Стигнав таму во 5 наутро, ходниците беа тивки и луѓето полека се будеа, а потоа одеднаш тој воз почна да се движи и да станува сè полуд и полуд “.

Џенес ја прекина, поставувајЌи ѝ прашање на Рис и потенцирајќи дека Џенифер дефинитивно не е утринска личност.

“Рис, морам да бидам искрен со тебе. Џенифер ме убеди дека не е утринска личност”, искоментира тој, на што актерката беше доста возбудена и со чудни гестови и изрази на лицето рече:

„Дали навистина го реков тоа?“.

„Малку, малку“, рече водителот низ смеа.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Џенифер продолжи да прави гримаси кои изразуваат незадоволство, па дури и лицето на Рис покажа страшна непријатност што се обиде да ја камуфлира со кисела насмевка (погледнете ја ситуацијата во видео од 4:10 па натаму).

Дваесетте секунди во кои ѕвездата на „Пријатели“ отворено покажува дека е навредена, беа прогласени за „најчудно однесување на интервју“, а корисниците на социјалните мрежи истакнаа дека е многу груба и непристојна.

“Таа е многу, многу вознемирена. Гледајте како го свртува погледот”, “Џенес умира обидувајќи се да ја интервјуира Џенифер”, “Ова е бизарно”, “Срам ми е да го гледам ова”, “Го чувствувам нејзиниот гнев”, се само неколку во морето на слични коментари.

Слични објави

(Фото) Рушка Јакиќ го покажа своето лице без шминка во деветтата деценија од животот

E.A.

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ блеска после одморот со својот партнер Лазар Ристовски – актерката се пофали со промената на изгледот

Еспресо

„Најважно ми е да имам време за моите деца“: Ребека Јанковска-Ристески за луѓето што остануваат и моментите што се скапоцени

Еспресо

(Фото) Влада Вуксановиќ повторно е „најпосакуваниот ерген“ на Балканот — го покажа извајаното тело по разводо

Еспресо

Почнува периодот на Девица – Што значи ова за секој знак од Зодијакот?

Еспресо
Се вчитува....