Филмот „Слуга“ во кој главната улога ја толкува славниот српски актер Милош Биковиќ, и официјално ги сруши рекордите на гледаност во Русија.
Тамошните медиуми пренесуваат дека филмот „Слуга“, последниот филмски ангажман на Биковиќ, го погледнале повеќе од 11 милиони луѓе, при тоа што биле регистрирани 750.000 гледачи во еден ден, што е нов рекорд за руските кино сали.
Комедијата за разгалено момче кое завршува на необична „рехабилитација“ во селски стил, заработи повеќе од три милијарди руски рубли.
Биковиќ важи за еден од најпопуларните актери во Русија, каде снима со полна пареа, иако работи и на домашни проекти.
Така, во 2018 година, токму Биковиќ беше главна ѕвезда во филмот кој стекна голема популарност на Балканот, „Јужни ветар“.