15.8 C
Скопје
20:35 - 19 октомври, 2026

Еве кој ги доби милионите на Слаѓана Милошевиќ: Немаше деца, ним им оставила стан на Дедиње и голем имот

Денеска, 26 март, се навршува една година откако почина легендарната српска пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ, оставајќи зад себе мноштво хитови и значајно богатство.

Слаѓана немала потомци, а по нејзината смрт извор близок на пејачката открил кому го оставила својот имот.

– Кариерата во странство никогаш не ѝ беше важна, бидејќи сакаше во Србија да биде призната. Затоа се врати од Русија кога конечно ѝ било овозможено да го сними својот прв албум. По нејзиниот успех овде, извесен период живеела и работела во Германија, каде што објавила успешен албум, а потоа и во Јапонија, каде што снимала музика и за потребите на филм и за телевизија. Исто така, нејзината музика е обработувана и преведена на други јазици, како што е дуетот „Jednom će neko“ со нејзиниот брат Горан Милошевиќ, кој беше огромен хит во Шведска. За сето ова, таа добиваше пристојни хонорари во претходните години, значително повеќе отколку што добиваше за музиката што ја снимаше во Југославија. Ќе ви дадам пример: само за песната „Принцеза“ во просек за авторски права добиваше по околу 500 евра годишно – изјавил тогаш извор за српските медиуми.

– Слаѓана живееше во стан на Нов Белград, кој беше во нејзина сопственост. Покрај тоа, таа имаше и луксузен автомобил марка ауди. По смртта на нејзините родители, таа и нејзините браќа наследија недвижност на Дедиње и Баново брдо, како и огромен имот во Срем, кој беше во сопственост на нејзините предци. Колку што знам, дел од ова беше продадено во претходните години, а остатокот, по нејзината смрт, ќе биде поделен помеѓу браќата на Слаѓана, Горан и Живко Милошевиќ  – изјавил тогаш изворот.

Да потсетиме, Слаѓана во една прилика открила дека свесно се откажала од мајчинството за да ѝ се посвети на кариерата.

– Проценив дека за мене е позначајно да напишам и да снимам 150 песни, да ме исполнува тоа што создавам хармонија на звукот и текстот со пишување или режирање и обидувајќи се да го подобрам светот околу мене. Таквата животна цел ми беше поголема и позначајна од материјалното и физичкото прокреирање, што можат да го направат и други. Моите потомци не мора да бидат биолошки, подеднакво е важно да се има и идеолошки – заклучила таа за српски „Курир“.

 

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....