15:59 - 1 април, 2026

ЕРИК КЛЕПТОН: Вакцинираниот-ативаксер, сега нуди финансиска поддршка на други музичари антиваксери

Ерик Клептон

27-годишниот музичар Камбел Меклафлин, член на бендот „Jam for Freedom“, кој свири за „слобода во одлучувањето за сопственото здравје“, изјави за списанието „Ролинг Стоун“, дека Клептон донирал илјада фунти на бендот преку платформата „GoFundMe“ (страница за приватни донации) кога нивниот автомобил бил општетен во сообраќајна несреќа.

ВИДЕО: Ерик Клептон ја испеа АНТИВАКСЕРСКАТА ХИМНА

Меклафлин исто така рече дека Клептон донирал повеќе пари, неповрзани со кампањата на „GoFundMe“, но одби да открие колку точно добиле од славниот рокер.

Покрај тоа, Клептон, наводно, им го понудил своето комбе како привремена замена за нивниот расипан автомобил. „Ролинг Стоун“ пишува дека Клептон изразил желба да соработува со бендот и ги пофалил дека свират за „слобода поврзана со здравјето“.

Американските медиуми ова го протолкуваа како факт дека Клептон веќе не поддржува само анти-вакцинација туку и ја финансира.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....