13:41 - 27 ноември, 2026

Еминем прозборе за тешките денови: „Имаше денови кога лежев во кревет, плачев и голатав таблети…“ (ФОТО)

Биографијата на раперот Еминем (47) со наслов „Not Afraid: The Evolution of Eminem“, вчера ја здогледа светлината на денот, а во неа се кријат досега непознати работи за животот на овој познат музичар.

Раперот славата ја стекна во деведесетите години од минатиот век, но таа во еден момент го „удри во глава“. Дневно земал по триесет „Викодин“ , а еднаш бил и блиску до смртта, но му помогнал Елтон Џон (72).

 

View this post on Instagram

 

B-Rabbit in the house.  #TBT Throwback to 16 years ago today #8mile

A post shared by Marshall Mathers (@eminem) on

– Славата ме удри како со цигла – рекол Еминем кој во тоа време постојано се забавуваше, конзумираше алкохол, разни дроги, носеше наполнето оружје со себе, се тепаше и неколку пати беше на суд.

Таа критична 2007 година, како што пишува во книгата наеднаш зел четири вриќички хероин. Докторите му кажале дека ако дошол два часа подоцна ќе умрел.

– Имаше денови кога лежев во кревет, голтав таблети и плачев. Ми беа потребни таблети во телото за да се чуствувам нормално, но мене ми беше само полошо. Беше тоа маѓепсан круг – раскажал Еминем.

Сепак, ни тој момент не му бил пресуден да престане со дрогата, па имал уште кризни моменти пред да побара помош од Елтон. Популарниот пејач му помогнал на Еминем да престане да конзумира опојни средства.

– Елтон Џон ми беше совршен ментор. Му се јавуваше секоја недела да го праша како напредува и така станаа многу блиски – пишува Антони Боза во биографијата.

Пред Елтон, кој и да се обидел да му помогне, Еминем го бркал од себе. Не сакал да прифати дека има проблем.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо
Се вчитува....