23:58 - 19 август, 2026

Емина Јаховиќ за детството и скромниот живот: Мајка ми ставаше млеко и јогурт во замрзнувач за „црни денови“, доматите беа луксуз!

Емина Јаховиќ раскажа дека нејзините родители, иако лекари, не важеле за богати луѓе. Поради тоа, како што истакна, таа не е разгалена. Сака да троши, но само на она што навистина ѝ е потребно.

„Татко ми и мајка ми немаа никакво наследство зад себе, а како лекари не беа меѓу богатите и имотните. Се сеќавам, кога речиси сите луѓе во Србија живееја тешко, дека, на пример, и доматите ни беа луксуз. Како дете гледав во некои ситуации како соседите ги јадат. Киндер јајце, гумени бонбони и чоколади што пукаат во уста… Сето тоа ми беше недостижно во детството. Во времињата на немири и војни, мајка ми ставаше млеко и јогурт во замрзнувач, кои не смеевме да ги чепкаме, туку ги чувавме за црни денови“, раскажа Емина и откри каква била како дете:

„Бев вистинско девојче, обожавав светкави фустанчиња, кои ги наследував од мојата постара сестра… Затоа сега, кога имам, никогаш не се расфрлам. Сакам да купам, но само тоа што ќе го носам.“

Емина Јаховиќ неодамна ја откри и причината поради која решила да стави точка на бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал.

„Никогаш не се покајав што се разведов и фала му на Бога што беше така. Ги советувам жените добро да размислат, особено кога станува збор за деца, бидејќи можеби би сакале да се разведат поради некои глупави причини“, рекла Емина.

На прашањето дали причините за нејзиниот развод биле „глупави“, пејачката искрено одговори:

„Мојот развод не беше глупав, но не беше ни некоја ненормална причина. Никој никого не изневери или слично, едноставно работите згаснаа. Имав 35 години, а на 35 години да прифатиш да живееш во брак во кој ја нема таа страст и таа сила… Не е само до страста. Најмалку зборувам за физичка страст, туку за тоа двајцата да се трудат на ист начин, да бидат компатибилни во сè, а кај нас тоа некако се наруши. И пред да се разведам, тоа почна три години претходно“, откри пејачката за Blic.

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....