05:59 - 8 ноември, 2026

(Видео) Македонска инфлуенсерка живее на село: „Ова е новиот луксуз!“

Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Едмонд веќе неколку години живеат во куќа во село во близина на Битола.

Таа често истакнува колку ѝ значи мирниот живот далеку од градската бучава и метежот, опкружена со природа и животни.

Особено сега, откако го добија синчето Риан, ужива во можноста тој да расте на чист воздух, во природна средина и во близина на животни – од пилиња, мачки и кучиња, до коњи во дворот.

Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска

На својот инстаграм-профил, Александра објави видео во кое прикажа дел од нивното секојдневие, а во описот напиша: „Не ми пречат дополнителните 20 минути возење до маркет, ако тоа значи дека моите деца ќе растат вака.“

Во видеото се гледа како малиот Риан си игра во тревата и земјата, се релаксира додека ги набљудува животните, а околу него трчаат мачки и коњи. Целата атмосфера е исполнета со природа, спокој и семејна хармонија.

Подоцна, на инстаграм стори, таа дополнително ја отвори душата за животот што го избрале:

„Како дете кое пораснало на планина и во село, некогаш мислев дека сакам живот во голем град и постојана гужва. Но, ми требаа неколку години за да сфатам дека животот на село, опкружен со животни и природа, е вистински благослов.

Има свои предности и маани и воопшто не е едноставно, но за мене вреди. Знам дека со текот на времето ќе биде уште попредизвикувачки со сите детски обврски, но подготвена сум.

Не би го заменила ова за ниту едно друго место на светот. Селото денес е вистински луксуз.“

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....