8.8 C
Скопје
19:29 - 31 март, 2026

ЕЛТОН ЏОН ГО ПОВРЕДИЛ КОЛКОТ И МОРА ДА СЕ ОПЕРИРА: Последната турнеја повторно одложена

елтон џон турнеја низ европа откажана

Елтон Џон имаше несреќа поради која мора да ја одложи турнеја низ Европа наречена „Farewell Yellow Brick Road“.

„На крајот на летниот одмор, незгодно паднав на тврда површина и оттогаш чувствувам значителна болка и непријатност во колкот. И покрај физичкиот и специјалистичкиот третман, болката се влоши и доведе до поголеми потешкотии при движењето”, објасни Елтон во објава на „Твитер“.

„Бев советуван да одам на операција што е можно поскоро за да се вратам во форма и да се уверам дека нема долгорочни компликации. Ќе одам на интензивна програма за физиотерапија која ќе ми обезбеди целосно закрепнување и враќање во целосна подвижност без болка“.

И покрај болката што ја чувствува, Елтон Џон ќе настапи на 25 септември на добротворниот настан „Global Citizen“.

„Не сакам да изневерам добротворна организација. Бидејќи имам само пет песни за изведување, тоа е многу поинаков физички потфат отколку да свириш скоро три часа секоја вечер на турнеи и ноќни патувања од земја во земја”, вели музичарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Турнејата низ Европа би требало да се одржи во 2023 година.

 

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....