15.8 C
Скопје
23:50 - 1 мај, 2024

Елен Деџенерис се пошегува дека луксузната вила ѝ е како затвор и доби остри критики

Откако во самоизолација помина три недели со сопругата Портиша де Роси (47), Елен Деџенерис (62), во една од своите емисии се пожали на моментната состојба.

„Ова е како затвор, токму така. Претежно сум во иста облека 10 дена и овде сите се геј“, се пошегува Елен во свој стил.

Но откако луксузната вила ја спореди со затвор, водителката доби бројни критики на социјалните мрежи.

Profimedia

На многу од нејзините гледачи тоа им засмета, па коментираа дека „сигурно е многу тешко да остане во огромната вила додека од остатокот од светот ја дели само луксузна врата“.

Јасно е дека водителката сакала само да се пошегува, но фановите поинаку реагираа и ја искритикуваа.

Луѓето буквално умираат во затворите од коронавирусот, додека Елен од тоа прави шега. Илјадници луѓе се во вистински затвори, се надеваат на најдоброто, без сапун и основна заштита“, коментираше телевизиската критичакра Керолин Фрамке.

Profimedia

Елен и Портиша имаат неколку имоти, а моментно се на она што се наоѓа во Санта Барбара. Вилата има осум спални соби, 10 бањи и базен.

Богатството на Елен се проценува на 450 милиони долари, а живее во Калифорнија на луксузен имот вреден 27 милиони долари. Во удобноста на својот дом таа привремено го снима и своето популарно „The Ellen DeGeneres Show“, бидејќи снимањето во студиото беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Profimedia

 

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....