11.8 C
Скопје
02:24 - 4 мај, 2024

Невидени размери на трагедијата: Дрон ги сними масовните гробници во Њујорк, светот во шок (ВИДЕО)

Снимки од дрон покажуваат работници како закопуваат дрвени сандаци со лица починати од коронавирус во масовна гробница во Њујорк, јави денеска Би-би-си.

Островот Харт е местото на снимките. Се гледаат работници во заштитни одела како редат дрвени ковчези во длабоки канали. Ковчезите се на починати луѓе без роднини, или од семејства кои не можеле да си дозволат погреб.

Властите во Њујорк овој остров веќе 150 години го користат како место за закопување на мртви чии роднини не се јавиле, или пак од семејства кои неможат да платат погреб за нивните блиски.

Во нормална ситуација, таму се закопуваат околу 25 лица неделно, но работата со закопувањата сега се зголемила од еден до пет денови во неделата – се закопуваат 24 мртви дневно, дознава Би-би-си.

Сојузната држава Њујорк во моментов има најмногу случаи на коронавирус од која била друга светска држава. Моментално, во Њујорк има над 172 илјади случаи на заразеност и речиси 7.850 починати.

-За градот ништо повеќе не е исто со оваа епидемија. Коронавирусот ги промени ритуалите поврзани со смртта. Њујоркчани се шокирани од тмурните сцени – амбулантите со врескави сирени поминуваат по празните улици, крај болниците виљушкари товараат вреќи со тела во камиони-ладилници, и сега се копаат големи канали на Островот Харт за нови масовни закопувања, наведува изданието.

Гробиштата, оддалечени од градот и достапни само со брод, историски се познати како тажно место поради масовните закопувања без надгробни споменици, само непризнаени тела.

Сега, во вонредни околности на Ковид-19, мртовечниците на можат да се справат со нив.

Во последното деноноќие во Њујорк починале 777 болни лица, помалку од 799 умрени ден претходно.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо изјави дека зел „утеха” од овој факт, како и од постојаното намалување на бројот на дневно примени болни во градските болници.

-Ја исправаме кривата, но се уште чувствуваме голема болка, изјави Куомо денеска на редовниот брифинг.

The post Невидени размери на трагедијата: Дрон ги сними масовните гробници во Њујорк, светот во шок (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....