12:46 - 13 ноември, 2026

Елен Деџенерис се пошегува дека луксузната вила ѝ е како затвор и доби остри критики

Откако во самоизолација помина три недели со сопругата Портиша де Роси (47), Елен Деџенерис (62), во една од своите емисии се пожали на моментната состојба.

„Ова е како затвор, токму така. Претежно сум во иста облека 10 дена и овде сите се геј“, се пошегува Елен во свој стил.

Но откако луксузната вила ја спореди со затвор, водителката доби бројни критики на социјалните мрежи.

Profimedia

На многу од нејзините гледачи тоа им засмета, па коментираа дека „сигурно е многу тешко да остане во огромната вила додека од остатокот од светот ја дели само луксузна врата“.

Јасно е дека водителката сакала само да се пошегува, но фановите поинаку реагираа и ја искритикуваа.

„Луѓето буквално умираат во затворите од коронавирусот, додека Елен од тоа прави шега. Илјадници луѓе се во вистински затвори, се надеваат на најдоброто, без сапун и основна заштита“, коментираше телевизиската критичакра Керолин Фрамке.

Profimedia

Елен и Портиша имаат неколку имоти, а моментно се на она што се наоѓа во Санта Барбара. Вилата има осум спални соби, 10 бањи и базен.

Богатството на Елен се проценува на 450 милиони долари, а живее во Калифорнија на луксузен имот вреден 27 милиони долари. Во удобноста на својот дом таа привремено го снима и своето популарно „The Ellen DeGeneres Show“, бидејќи снимањето во студиото беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Profimedia

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....