14.8 C
Скопје
07:35 - 18 мај, 2024

Еве од каде може да набавите храна и лекови за време на викенд карантинот

храна

Цела Македонија го почна својот прв 61-часовен полициски час. До понеделник рано изутрина не е дозволено напуштање на домот со одредени исклучоци. „360 степени“ на едно место ги собра информациите за Скопје – од каде може да се набави храна, лекови или други производи во случај на итност, зависно од општината во која живеете.

Центар
Чаир

Значителен избор, како на маркети така и на ресторани, ќе имаат и чаирчани.

Сите информации што ги споделува општината за викенд-доставата на произоди може да ја најдете ТУКА

КАРПОШ

Во општината Карпош има неколку маркети и две аптеки кои ќе работат за време на викендот. Директен линк до објавата на интернет-страницата на општината ТУКА.

КИСЕЛА ВОДА

Подолг список на правни субјекти кои имаат дозвола за работа и достава има и општината Кисела Вода. Нивните имиња и контакти можат да се најдат на интернет-страницата на општината Кисела Вода, на директниот линк ТУКА

АЕРОДРОМ

Аеродром може да се снабдува од повеќе маркети, кои општината меѓудругото ги објави и на социјалните мрежи. Целиот список ТУКА

ГАЗИ БАБА

Според „Фејсбук“-профилот на градоначалникот на општината, Борис Георгиевски, жителите на Гази Баба ќе можат да нарачуваат само од еден маркет и од една аптека. На објавата на првиот човек на општината засега нема контакт-информации и како да се нарача од фирмите со дозвола. Врска до објавата на градоначалникот ТУКА

БУТЕЛ

Листата на отворени правни субјекти во оваа општина не е долг и на неа не може да се забележи аптека. Директна врска до објавата на „Фејсбук“ ТУКА

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Списокот на правни субјекти кои ќе работат во Ѓорче Петров го објави градоначалникот Александар Наумовски на неговиот „Фејсбук“ профил. И во оваа општина, засега нема аптека на листата. Објавата на градоначалникот и потенцијалните промени можете да ги следите ТУКА.

САРАЈ

Подолг список на правни субјекти кои имаат дозвола за работа за време на полицискиот час викендов има и Сарај. Таквото решение сепак веројатно се должи на фактот што оваа локална самоуправа на својата територија има повеќе села, па во секое поголемо населено место има отворени дуќани. Целиот список ТУКА.

The post Еве од каде може да набавите храна и лекови за време на викенд карантинот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....