7.8 C
Скопје
02:53 - 20 октомври, 2026

Едита е очајна за да си најде маж: „Немам никого, а би му родила многу деца некому…“

Пејачката Едита Арадиновиќ несомнено е дама која воздивнува многу мажи, а минатата година јавно се пожали дека не можела да најде идеален маж покрај кој ќе остари.

„Синоќа гледав романтичен филм кој ме уништи и ме натера да сонувам за мажење. И потоа се разбудив утрово, гледам вака во таванот и си мислам… Оваа година полнам 30 години, научив многу, постигнав многу во работата… Не барам многу од животот, тоа го сфатив. Па, барам многу, не дека не барам, туку само барам да се појави мојот близнак. Можеби се појавил без јас да знам“, рече Едита Арадиновиќ во обраќање преку социјалните мрежи, која во меѓувреме наполни 31 година.

„Барам мој сојузник, пријател, другар, некој што гледа со исти очи, но различно, што ќе има исти вредносни системи, да ги воспитува децата на ист начин… Многу деца! Значи, сакам да имаме многу деца, многу животни, да живееме во шума, во огромна куќа, со двор каде што ќе доаѓаат пријатели со деца, без деца, каде што ќе се забавуваме. Ќе биде огромно домаќинство – додаде пејачката.

„Секогаш би подготвувале добра храна. Сакам многу да готвам. Мислам дека ќе готвам одлично за моето семејство. Сакам тој некој да биде независен, да не биде кретен, папучар што не излегува од куќата, не го сакам тоа. Сакам храбар, смел витез, сакам домаќин, сакам лудак кој е, повторно, ист како мене. После таа шума, да одиме во нашата куќа покрај морето еднаш годишно. Каде што сè ќе биде со кликнување на копче, кога ќе ни здосади таа шума“, истакна Едита на крајот, со насмевка на лицето, а со сето ова напиша: „Криза на средните години“.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....