15:19 - 7 ноември, 2026

Едита Арадиновиќ го покажа трудничкото стомаче: Пејачката блеска во третиот месец од бременоста

Пејачката објави нови фотографии од кабината на еден бутик, каде што пробуваше облека. Тесниот сив фустан ја истакна нејзината фигура и стомачето кое веќе почнува да се забележува.

Едита Арадиновиќ наскоро ќе се оствари во најубавата животна улога. Младата пејачка неодамна ја потврди веста што први ексклузивно ја објавивме – дека е во блажена состојба. Во моментов таа е во третиот месец од бременоста, а стомачето веќе малку се гледа.

Фото: Инстаграм/Едита Арадиновиќ

Потсетуваме, Едита Арадиновиќ го очекува своето прво дете со партнерот Ненад Стевиќ, кого неодамна го претстави пред јавноста.

„Во време кога многу се пишува и нагаѓа, оваа вест сакам сама да ја споделам – онака како што ја чувствувам. Моето семејство ќе стане поголемо за уште еден член. Бремена сум. Му благодарам на Бога за сè. За мене започнува нова ера. Еден нов живот. Ова е момент што не се објаснува – само се живее. Коментарите ги исклучувам затоа што бирам мир. За себе. За моето дете“, порача Едита и додаде емотикон на девојче, што многумина го протолкуваа како навестување за полот на бебето.

Како и многу трудници, Едита има зголемен апетит, на што им се пожали на своите следбеници:

„Може ли да бидам поголема ‘прасе’? Зошто сум ваква? Еве, се нервирам…“, напиша пејачката, која по настап, во доцните часови, се почестила со пица, газиран пијалак, а потоа и палачинки.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....