12:01 - 27 ноември, 2026

Каспер не штедел: Еве колку чини вереничкиот прстен на Мина Костиќ, ќе се изненадите!

Пејачката Мина Костиќ неодамна го изговори судбоносното „да“ на својот партнер Манe Ќурувија, познат како Каспер, а романтичната запросување се случи јавно – во телевизиско студио. Каспер клекна пред неа и ѝ подари дијамантски свршенички прстен, гест кој веднаш го привлече вниманието на јавноста.

Откако Мина денеска на социјалните мрежи објави фотографија од прстенот, следеше лавина реакции, а најмногу коментари предизвика неговата цена. Според достапните информации, станува збор за накит изработен од бело злато, чија вредност се движи од околу 369.000 до 468.800 српски динари, односно приближно 193.700 до 246.100 македонски денари, во зависност од бројот и големината на дијамантите (карати).

Фото: Скриншот/Јутјуб

Објавата веднаш поттикна шпекулации дека парот тајно се венчал, но Мина брзо ги демантираше тие наводи.

„Не, тоа е свршенички прстен. Боже, такво нешто не би криела“, изјави таа, додавајќи дека јавноста навреме ќе биде информирана кога навистина ќе дојде до венчавка.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....