06:03 - 28 ноември, 2026

На денешен ден: Поради албум на Лепа Брена, милицијата морала да интервенира на улиците на Белград

На 27 јануари 1984 година, Белград беше сведок на сцени какви што ретко се паметат на музичката сцена.

Пред продавницата на „Југотон“ на Теразии се создадоа огромни редици поради објавувањето на албумот „Bato, bato“ на Лепа Брена и групата „Слатки грех“. Настанот беше еден од првите јасни показатели дека Брена веќе прерасна во регионален музички феномен.

Редиците започнале да се формираат уште од раните утрински часови, а според некои сведоштва, луѓето чекале со часови за да дојдат до свој примерок. Гужвата била толку голема што на моменти доаѓало и до турканици и помали инциденти.

Поради сериозната метежна состојба, на терен морала да интервенира и милицијата, која во тоа време ја извршувала улогата на полиција. Нејзина задача била да воспостави ред, да ги регулира долгите колони и да спречи евентуални нереди. Иако со текот на времето приказните за интервенцијата често се пренагласувале, бројни сведочења потврдуваат дека присуството на милицијата било реално и неопходно.

Албумот „Bato, bato“ за кратко време стана еден од најпродаваните во кариерата на Лепа Брена. Во првите денови беа продадени повеќе од 300.000 примероци, што за тоа време претставуваше извонреден успех.

До денес, продажбата надмина 1,1 милион примероци, а албумот остана запаметен како еден од најпродаваните во историјата на југословенската музичка сцена.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....