11.8 C
Скопје
23:53 - 23 април, 2024

Дневен хороскоп за 27 септември: Биковите внимателно да го планираат следниот чекор

ОВЕН

Вниманието ќе го насочите кон подобрување на финансиската состојба. Невработените Овни ќе имаат добра прилика за хонорарни ангажмани. Оние во врска треба да избегнуваат караници со партнерот. Слободните имаат потешкотија да започнат нешто ново. Посветете се на подобрување на имунитетот и зголемете ја физичката активност.

БИК

Работата многу ве исцрпува, но не очајувајте, успесите се сè поизвесни доколку добро ги испланирате чекорите што ги преземате. Ако сте во врска, имате период во кој односот ќе се подобри значајно. Слободните Бикови може да очекуваат враќање на личност од нивното минато. Избегнувајте престој во мрачни простории.

БЛИЗНАЦИ

Конкуренцијата се обидува да ви постави замки, но само со добра стратегија и тимска работа ќе се спасите од тоа. Близнаците кои се во врска си пружаат мотивација и инспирација со партнерот. Оние слободните успеваат да ја заведат личноста која им се допаѓа, благодарение на неодоливиот шарм. Јадете храна богата со антиоксиданси.

РАК

Имате притисок за постигнување на одредени рокови и тоа ви создава стрес. Ќе се соочите со сплетки како од конкуренцијата, така и од некои блиски соработници. Ако сте во врска, можно е вашата тврдоглавост да предизвика револт кај партнерот. Ако сте слободни, очекувајте страсно да се вљубите, но контролирајте ги страстите за да не раскинете за брзо. Внесувајте здрави калории.

ЛАВ

Ќе бидете многу организирани во извршувањето на работните задачи, но ќе мора да разработите и подетален пристап. Одличен ден за Лавовите кои работат креативна работа. Ако сте во врска, очекувајте одредени проблеми поради претераното работење. Слободните Лавови ќе избираат меѓу неколку личности кои им се допаѓаат или им се додворуваат. Вежбајте редовно и јадете повеќе зеленчук.

ДЕВИЦА

На работа се соочувате со ситни проблеми, особено доколку работите во областа на финансиите и економијата. Девиците во врска ќе имаат подобрување на комуникацијата, но и на целосниот однос општо. Сингл Девиците имаат потреба да запознаат нова личност со која ќе воспостават стабилна емотивна врска. Млечните производи внесувајте ги умерено и одморете се, но не претерувајте со десерти.

ВАГА

Не се обидувајте да го истакнувате својот авторитет, бидејќи тоа не ви носи поени во очите на вашите соработници. Во врската доаѓа период во кој мора отворено да се разговара и заеднички да се носат одлуки. Ако сте сингл, имате шанса за запознавање со нова личност која уште од почеток ќе сака да се „залепи“ за вас. Можни се проблеми со респираторниот систем.

СКОРПИЈА

Обрнете внимание со кого соработувате, можни се сплетки зад вашиот грб. Очекувајте одредени несогласувања на работното место. Скорпиите во врска ќе успеат да го подобрат односот со партнерот, но ќе треба и да поработат за да го задржат таков. Слободните се обидуваат да го привлечат вниманието на една личност. Чувајте се од спортски повреди и зајакнете го имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Не им верувате на дел од своите колеги и забележувате дека се обидуваат да играат валкано. Изиграјте дипломатски и обидете се да не си наштетите себе притоа. Ако сте во врска, избегнувајте сплетки и тајни врски, подобро е да раскинете ако не ви е добро. Ако сте сингл, ќе имате интензивна комуникација со личност која ви се допаѓа. Чувајте се од инфекции и воспаленија, особено на уринарниот тракт.

ЈАРЕЦ

Добро пресметајте го секој потег, дури и кога ви се нуди нова работа која изгледа и звучи подобро од сегашната. Во врската покажете повеќе иницијатива, другата страна тоа и го очекува од вас. Ако сте сами, внимавајте на кого ја давате својата доверба, за да не бидете разочарани на крај. Здравјето ви е главно стабилно, можни се само мали проблеми со циркулацијата.

ВОДОЛИЈА

Некои личности сакаат да напредуваат на сметка на тоа што ве дискредитираат вас. Пристапете со добро разработена тактика. Во врската не можете да ги согледате ситниците кои создаваат крупни проблеми. Ако сте слободни, можно е да запознаете личност за која ќе покажете интерес да се зближите емотивно. Задржете ја добрата кондиција и чувајте се од сезонски вируси.

РИБИ

Можни се значајни пресврти на работното место. Имате поддршка од претпоставените за реализација на бараните цели. Не ја комплицирајте ситуацијата. Рибите кои се во врска сакаат да поминуваат повеќе време со партнерот. Слободните ќе имаат повеќе време да комуницираат, а со тоа и да се запознаваат со нови личности. Контролирајте го крвниот притисок, поради временските услови можно е често да ви биде низок.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....