30.8 C
Скопје
21:55 - 21 август, 2026

Дневен хороскоп за 23.10.2019: Вагите го губат балансот, а кај Близнаците владее хармонија

ОВЕН
Денеска се чувствувате исполнето. Избегнувајте конфликти, бидејќи може да прераснат во многу посериозни проблеми. Не заборавјте да посветите време на партнерот, ќе го цени тоа. Отидете на прошетка, добро ќе ви дојде.

БИК
Немојте да се разочарувате доколку не успеете да исполните некоја замисла. Обидете се повторно и не се откажувајте! Ќе видите на крај дека трудот сепак се исплати. На подвиг е нова љубов. Внимавајте на алергиите.

БЛИЗНАЦИ
На работа ќе добиете пофалби, а можно е и напредување кај некои Близнаци. Во љубовта владее хармонија, а слободните Близнаци можно е да запознаат личност која ќе ги восхити. Поради промена на времето, можни се главоболки.

РАК
Не дозволувајте луѓето да манипулираат со вас. Обидете се да ги контролирате своите емоции кога станува збора за љубовта. Не дозволувајте љубомората да преовлада. Посветете повеќе време на тренинзи, не го заборавајте вашето физичко здравје.

ЛАВ
Обидете се да го задржите вниманието кон работите кои ги имате започнато, трудот секако ќе се исплати. Не дозволувајте поради љубовта да се погазите себе, бидете силни и кажете го своето мислење. Внимавајте на желудникот.

ДЕВИЦА 
Губите концентрација, а тоа влијае и на вашиот перформанс на работа. Соземете се и завршете си ги обврските на време. Стара љубов ќе се врати во вашиот живот. Можно е појава на грип.

ВАГА
Полека, но сигурно го губите балансот во животот, но не очајувајте! Брзо ќе се вратите во форма. На љубовното поле ви претстои бурен период, но не очајувајте! Здравјето добро ќе ве служи.

СКОРПИЈА
Како и во љубовта, така и во работата… вашиот живот е динамичен и тоа ви одговара. Ова е денот кога вие ќе зрачите со позитива, но внимавајте на бубрезите. Можни се проблеми со нив.

СТРЕЛЕЦ
Бидете спремни, од вас ќе се очекува да донесете важна одлука! Не бидете пристрасни. Љубовта е на ваша страна, можно е да го запознаете вашиот животен сопатник. Одлично би ви дошла прошетка во природа.

ЈАРЕЦ
Добро ќе ви дојде одмор за време на празникот. Искористете го до максимум слободното време. Немојте да заборавате на својот партнер и изненадете го! Посетете некој музеј или пак галерија. Добро ќе ви дојде таков вид релаксација.

ВОДОЛИЈА
Бидете внимателни! Можно е да се најдете на крстопат. Бидете присебни и верувајте во својот избор. Некој партнер од минатото може да се врати во вашиот живот. Не дозволувајте си да донесете одлуки за време на моментално задоволство. Јадете повеќе овошје.

РИБИ
Немојте да подлегнете на нечии негативни коментари. Знаете што сакате и што правите со вашиот живот. Другите луѓе не треба да имаат никакво влијание врз вашите одлуки. Ќе се впуштите во незаборавна авантура, но сепак внимавајте на видот. Можно е да се јават проблеми со видот поради честите нервози.

Слични објави

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Еспресо

(Фото) Неверојатно си личат! Ова е сестрата на Душко Тошиќ, која ретко ја гледаме во јавноста

Еспресо
Се вчитува....