16.8 C
Скопје
13:55 - 18 октомври, 2026

Џоана Санз „на нож“ со позната новинарка по гласините за развод од Дани Алвеш: „Чекам нов трач од Летиција!“

Откако Дани Алвеш беше уапсен и обвинет за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона, беше тежок период за него и за неговата сопруга, манекенката Џоана Санз.

Постојано се пишуваше за инцидентот со Дани Алвеш (фудбалерот е обвинет за сексуален напад на 23 годишна девојка) и за неговите сегашни односи со сопругата Џоана Санз, а се пишува дека таа поднела барање за развод по неверството на Дани Алвеш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joana Sanz (@joanasanz)

Ова е многу тежок период за убава Џоана, дополнително и поради неодамнешната смрт на нејзината мајка.

Откако Летиција Рекехо, новинарка на „Ел програма де Ана Роса“, објави дека побарала развод од фудбалерот, Џоана Санз се огласи на социјалните мрежи барајќи да се почитува нејзината ситуација.

Таа предупреди дека се што се зборува е лага, но тоа не ја спречи Летиција Рекехо, која се врати со нов извештај само неколку дена подоцна.

Овој пат се тврдеше дека Дани Алвеш и се јавил на сопругата од затвор и ѝ рекол дека ја сака, но тоа наводно не го променило мислењето на Џоана за развод.

Сега пак, се тврди дека Џоана Санз одлучила засега да ги минимизира гласините за развод бидејќи тоа не е во корист на ниту една од страните во овој момент.

Уште еднаш, Џоана Санз одговори и таа конкретно ја именуваше Летиција Рекехо.

„Чекам само уште едно креативна гласина од Летиција Рекехо“, напиша таа на „стори“ на својот Инстаграм профил.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....