14:17 - 27 ноември, 2026

Катарина Грујиќ со остар јазик: „Естрадата е полна со проститутки кои се прават пејачки, а ми се грози од титулата жена на фудбалер“

Откако српската пејачка Катарина Грујиќ се омажи за фудбалерот Марко Гобељиќ, се шпекулира дека таа станала друга личност, а и нејзиниот јазик станал поостар.

Имено, Кача се нафрли на девојките кои ја практикуваат најстарата професија во светот, а кои во поп и фолк музиката се претставуваат како пејачки и признава дека ја ужасува „титулата“ сопруга на фудбалер.

– Предрасуди има насекаде, па и кај пејачките. Посебно во мојата професија има луѓе кои не се пејачи, туку се преправаат дека се, а се занимаваат со проституција на пример. Секогаш сакаат да ја мешаат таа професија со пеење – им рече Кача на новинарите од српски „Свет“ и додава дека не е од оние кои се венчале за пари, туку за вистинска љубов:

-Жените кои се мажеле за пари и титули се ставени во ист кош со прекрасните, чесни девојки и жени кои се омажиле од љубов. Порано кога бев помлада, се ме нервираше и сакав да се расправам, но по 12 години јавно пораснав и ништо не ме допира, вели убавата пејачка.

Потоа таа додаде дека нема конкуренција на естрадата и објасни дека секој пејач е индивидуалец сам за себе.

– Не личам на никого – изјави пејачката, а потоа призна дека повеќе не се гледа себеси во реалните шоуа:

– Нема договор или хонорар на кој би се согласила и потпишала во овој момент. Учеството во реалното шоу ми помогна многу во однос на препознатливоста и популарноста, а тогаш тоа ми требаше. Денес, не ми треба.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....