22:04 - 9 ноември, 2026

Џеј Лено тврди „добро сум“ откако се здоби со сериозни изгореници во пожар во автомобил

Џеј Лено се опоравува од сериозните изгореници по пожарот во автомобил во Лос Анџелес за време на викендот, објави 72-годишниот комичар и поранешен водител на „Tonight Show“.

„Добив сериозни изгореници од пожар поради бензин. Добро сум.  Само треба една или две недели да застанам на нозе“, рече Лено во изјава за NBC News во понеделникот вечер. Тој беше хоспитализиран од понеделник попладне.

Лено, кој ја води емисијата „Jay Leno’s Garage,“ на CNBC, работел во неговата гаража во Лос Анџелес во саботата кога во еден од неговите автомобили настанал несреќен пожар. Тој е познат и по неговата голема колекција на класични и врвни возила.

Лено бил однесен во Центарот за изгореници Гросман во Вест Хилс, откако пламенот ја изгорел левата страна на неговото лице, но не продрел во очите или во увото, изјави близок до Лено за NBC News. Тој го откажа настапот во Лас Вегас кој беше закажан за недела навечер, како и сите негови ангажмани во текот на неделата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....