23:40 - 27 ноември, 2026

Џастин Бибер ги продаде сите свои песни – сумата што ја заработи е баснословна

Џастин Бибер го продаде целиот свој музички каталог, кој ги вклучува сите песни од неговата 15-годишна кариера, за неверојатни 200 милиони долари. 28-годишниот канадски пејач ги продаде своите права на Hipgnosis Songs Capital, пишува Variety.

Без разлика на договорот што ќе се склучи, изворите велат дека тој ќе продолжи да биде управуван и во сопственост на Universal, со кој соработуваше во текот на целата кариера. Мерк Меркјуријалис, основач на Hipgnosis Song Management, исто така даде официјална изјава за медиумите:

„Неодамнешното влијание на Џастин Бибер врз глобалната култура беше навистина извонредно. Ова е нашето најголемо стекнување на музички права, таква е големината на овој каталог кој има речиси 82 милиони слушатели месечно и повеќе од 30 милијарди преноси само на Spotify“.

Веста доаѓа во тежок момент за пејачот, само неколку недели откако тој ги одложи преостанатите датуми од неговата турнеја Justice „на неодредено време“.

Турнејата, која првично требаше да започне во 2020 година, беше одложена неколку пати, првично поради пандемијата, а неодамна по неговата борба со синдромот Рамзи Хант, редок вирус што му предизвика парализа на лицето.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....