05:09 - 28 ноември, 2026

Хомосексуалноста e грев, а не злосторство – папата Франциск во интервју за АП

Папата Франциск во ексклузивно интервју за американската новинска агенција АП, зборуваше и за хомосексуалноста, која ја нарече грев, а не злосторство.

Тој призна дека католичките свештеници во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата. Таквите ставови ги припиша на културните средини и рече дека свештениците треба да поминат низ процес на промена за да се признае сечие достоинство.

„Хомосексуалноста не е злосторство, но е грев. Добро, но прво мора да направиме разлика помеѓу злосторство и грев. Грев е и да немате милосрдие еден со друг“, вели папата.

Тој му оддаде почит на Бенедикт Шеснаесетти, велејќи дека го загубил својот татко.

Папата исто така рече дека е во добра здравствена состојба за своите години, а зборуваше и за можно повлекување од функцијата, но го отфрли регулирањето на улогата на почесен папа.

Еве што изјави папата кога беше прашан за пензионерските денови.

„Ако се пензионирам, ќе одам да живеам во свештенски дом во Рим и толку. Со други зборови, искуството на Бенедикт ја отвори вратата за новите папи кои се откажуваат да се вклучат во општеството на послободен начин, бидејќи тој сè уште беше роб, под наводници, на Папата, на визијата на Папата во системот“.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....