06:07 - 29 ноември, 2026

Дарко Лазиќ одговори на гласините дека има љубовница: Пејачот ја откри вистината и стави крај на сите шпекулации

Српскиот пејач Дарко Лазиќ неодамна доби трето дете со втората официјална сопруга Катарина.

Познатата двојка речиси секојдневно со јавноста споделува моменти од семејниот дом, а бидејќи во нивното семејство се приклучи нов член – Дарко и Катарина не ја кријат среќата.

Сепак, иако досега немаше никакви проблеми во нивната врска, неодамна во медиумите стигна информација дека популарната двојка е „се поблиску до развод“ и дека Дарко наводно „има љубовница“.

Сепак, Дарко со последните објави на Инстаграм реши да стави крај на сите шпекулации и да покаже каква е навистина ситуацијата во нивниот дом.

Пејачот сподели неколку фотографии од семејниот дом, на кои може да се види како тој и неговата избраничка уживаат во времето кое го поминуваат со нивната наследничка Срна, која ја добија на 6 октомври, а со овие објави им стави до знаење на сите дека се е во најдобар ред во нивниот брак и дека наводите за развод се само озборувања.

Фото: Скриншот

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....