4.8 C
Скопје
04:44 - 20 октомври, 2026

Дамир од „Луд, збунет, нормален“ осуден на година дена затвор за педофилија

Босанскиот актер Моамер Касумовиќ е осуден на една година затвор за кривично дело сексуално вознемирување на малолетно лице, потврдија за „Н1“ од Обвинителството на Сараевскиот кантон.

„Врз основа на евиденцијата на Обвинителството на Сараевскиот кантон, ве известуваме дека против наведеното лице е поведена постапка за кривичното дело блуд, која конечно е завршена пред Општинскиот суд во Сараево. Тој е прогласен за виновен и осуден на затворска казна од една година“, соопштија од Обвинителството на Сараевскиот кантон.

Како што пренесува порталот „Рапорт“ , за случајот се дознало на 16 септември, по изведбата на претставата „Тивко, потивко“ („Tiho, tiše“) на Народниот театар во Белград, во рамки на шестото издание на Сараево фест во Народниот театар во Сараево. Оваа претстава ја обработува темата за врсничкото насилство, а по изведбата имало дискусија со публиката.

Како што се наведува, тогаш еден млад човек се огласил од публиката и рекол дека бил жртва на педофилија кога имал 14 години, а дека сторителот бил познат актер. На прашањето за кого се работи, младиот човек одговорил – Моамер Касумовиќ. За време на ова шокантно признание, момчето рекло дека целиот случај има судски епилог и дека е донесена судска пресуда.

Да потсетиме, Моамер Касумовиќ е познат босански актер кој има играно во бројни претстави и телевизиски серии, меѓу кои најпозната е комичната серија „Луд, збунет, нормален“ („Lud, zbunjen, normalan“). Касумовиќ го глумеше „нормалниот син и внук“ Дамир Фазлиновиќ.

Сексуалното насилство се случило во 2021 година, а потоа следувале пријава и судски процес кои резултирале со пресуда.

„Рапорт“ неофицијално дознава дека актерот ја купил затворската казна. Имено, според законите во Босна и Херцеговина, може да се купи и до една година затвор, каде еден ден чини 100 конвертибилни марки.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....