10:44 - 28 ноември, 2026

Цеца е здрава како дрен: Пејачката не јаде преработена храна, туку домашни намирници од Житораѓе

Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека тајната на нејзиното здравје се крие во начинот на исхрана. Пејачката вели дека избегнува преработена храна и преферира традиционални јадења, па нејзината мајка ѝ праќа овошје, зеленчук и месо од родното Житораѓе.

– Кога ќе станам, веднаш пијам кафе. Не сум од оние што прво го земаат телефонот по будењето. Понекогаш се смилам кон организмот, па доручкувам, но најчесто денот го почнувам со кафе на празен стомак. Сакам домашна храна – подварок, грав, полнети пиперки… Сето тоа мама ми го испраќа – рече пејачката во емисијата на Урош Марков на Студио Б.

Иако има долга и успешна кариера, Цеца призна дека сè уште има неостварена желба – уште еден голем концерт на Ушќе.

– Публиката го сака тоа, гладни се за добра масовна атмосфера. Чекам датум за следната година и се надевам дека ќе се оствари – изјави таа.

На прашањето што би избрала доколку мора да бира меѓу кариерата и семејството, пејачката без двоумење одговори:

– Секогаш би ја избрала фамилијата. Се борев и за едното и за другото, многу жртвував, но семејството ми е приоритет.

Говорејќи за новиот албум, рече дека музиката е како лотарија, но верува во материјалот што го собрале.

Сепак, учество на Евровизија не ѝ е во план:

– Не се гледам таму. Тоа е натпревар за млади таленти кои сакаат да се докажат. Евровизија е сцена на перформанси, а јас се бавам со емоција – заклучи Цеца.

Слични објави

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо
Се вчитува....