22.8 C
Скопје
14:37 - 28 септември, 2026

Тајната историја на „Јабуке и вино“: Песната не била наменета за Жељко Бебек!

Можете ли да замислите како би звучела песната Јаболка и вино ако наместо Жељко Бебек, пред 42 години ја отпееше Горан Бреговиќ, Џони Штулиќ или Оливер Мандиќ заедно со Зана Нимани? Малку фалело тоа навистина да се случи. Овој мегахит од 1983 година, со стихови на Марина Туцаковиќ и музика на Зоран Жика Живановиќ, можел да има сосема поинаков глас.

Имено, според авторот Живановиќ, Жељко Бебек бил дури четвртиот избор за машки вокал – но, очигледно, вистинскиот.

– Јаболка и вино настана на почетокот на 1983 година, веднаш по објавувањето на Допри ми ги колената со Зана. Тоа стана огромен хит, па по турнејата, луѓето од „Југотон“ не испратија во Шведска итно да работиме на нови песни. Но, јас веќе имав работна верзија од Јаболка и вино, која пред поаѓањето му ја пуштив на Бреговиќ. Му се допадна и веднаш ја замисли како дует. Ми рече: ‘Јас можам да ја отпеам машката делница’ – раскажува Живановиќ за „Глорија РС“.

Покрај нив бил и Оливер Мандиќ, кој веднаш се понудил:

– Рече: ‘Ма, јок, јас ќе ја отпеам. Плати ми патни трошоци и твој сум’. Се договоривме, заминавме за Шведска, а Мандиќ требаше да ни се придружи таму. Но, поминуваа денови, него го немаше, а тогаш немаше мобилни телефони за да го најдеме. По дваесетина дена ми се јави и рече дека „заглавил“ во Германија. Во меѓувреме, продуцентот Тини Варга веќе го повикал Џони Штулиќ да ја отпее песната. Не знаејќи за тоа, му реков на Оливер да дојде. И – настана драма: и двајцата пристигнаа на аеродром истовремено, се скараа „на крв и нож“ и ниту еден не се качи на летот за Шведска – продолжува Живановиќ.

– Не знаев што да правам, но тогаш се сетив на Жељко Бебек, кој во тоа време беше пред излегување од „Бијело дугме“. Отидов во Сараево, му ја понудив песната, тој прифати – и сè друго е историја.

Живановиќ ја следел целата музичка кариера на Зана Нимани, која и покрај тоа што беше кратка, остави силен белег. Почетокот на 80-тите ѝ припаѓаше на неа – со хитови како Допри ми ги колената, Маестро за бакнежи, Момче мое…

– Ја запознав во Студио 6 на Радио Белград. Беше симпатична, полничка девојка, но гласот ѝ беше магичен. Подоцна работевме на нејзиниот имиџ, но се покажа дека за публиката најважен беше нејзиниот глас и харизмата што ја зрачеше – изјавила своевремено Марина Туцаковиќ.

Зана во 1980 година стана дел од групата која ја основал Живановиќ, а веќе во 1985 започна соло кариера. По објавувањето на албумот Вечерва пеам само за тебе, се повлече од сцената. Во раните 90-ти се омажи за Ѓорѓе Шишкин, роди ќерка по име Теа и се пресели во Торонто, каде денес работи како финансиски менаџер. Никогаш не се врати на музиката, но нејзината ќерка Теа, според медиумите, го наследила талентот и има настапувано во неколку мјузикли.

Зана денес е активна на „Фејсбук“, каде повремено објавува носталгични снимки од златните времиња на југословенската поп-сцена.

Слични објави

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо
Се вчитува....