9.8 C
Скопје
12:43 - 1 април, 2026

ЧОЛИЌ ПРИЗНА СО КОЈА ПЕЈАЧКА ИМАЛ РОМАНТИЧНИ ОДНОСИ: „Се чувствував искористен како инстант супа“

здравко чолиќ фрида абба

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите балкански sвезди. Тој е во хармоничен брак 20 години и има две ќерки. Меѓутоа, во 1997 година, Чолиќ ги шокираше сите со тоа што призна дека бил заведен од Фрида Лингстад од групата „АББА“ и во таа прилика ги раскажал сите детали од нивната кратка врска.

Сè се случило кога Чолиќ ја претставуваше Југославија на Евросонг со песната „Гори ватра“. Фрида беше вокалистка на шведскиот претставник истата година, а потоа се случила споменатата средба, поради која Чолиќ ќе задоцнел на настапот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anni-Frid Lyngstad (@abbafrida)

„Се сретнав со Фрида од групата АББА на Евровизија. Потоа имаше покана за викендот. Изгледаше ветувачки, но по сите тие три дена идила се чувствував искористен како инстант супа. Готвиш за пет минути, јадеш топло и тоа е тоа. А сè беше таму: кабината со дрва и каминот, свеќите и цвеќињата, карираните завеси и чаршафите, печената риба во фолија со бадеми и етерични масла. Но, вистинската, единствена, луда страст што се случува помеѓу маж и жена, таа отсуствуваше. Немаше спонтаност, така што сè изгледаше како да закажувате тренинг за двајца во сала”, рече тогаш Чолиќ.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....