04:21 - 23 ноември, 2026

Брена не сака да биде домаќинка: „Сè што можам да го платам, нема да го работам“

Лепа Брена е на прагот на шестото десетлетие, а благодарение на добрите гени, здравиот начин на живот и секојдневното вежбање ја добила титулата Најсекси баба на Балканот. Неодамна открила дека својот изглед го должи на испланираниот режин на исхрана, а за српските медиуми произнала дека не е искусна во кујната.

Вели дека Боба (56) многу подобро готви, а таа никогаш не се истакнувала и не сака да готви.

„Мајка ми ме научи да готвам, тоа беше нешто задолжително. Морав сè да знам, меѓутоа, сè што можам да платам, не сакам да го работам. Сакам убаво наместена маса и некој да ми зготви и да ми донесе. Додека сум жива ќе можам да си го дозволам тоа. Подобро ми е да вработам некоја готвачка отколку да губам време на тоа што ќе се изеде за половина час. Не треба да бидам најдобра и да правам сè совршено“, рекла пејачката.

Брена ѝ дала совет и на својата снаа Александра Пријовиќ (24). И порачала дека не треба да се оптоварува со готвење, туку да се грижи за детето. Рекла дека годините ќе поминат, а спомените што ќе се создадат во текот на раснењето на детето остануваат засекогаш.

Слични објави

Мина Костиќ ќе се мажи! Пејачката го откри точниот датум кога ќе се венча со Каспер

Еспресо

(Фото) Неда Украден го прослави Свети Архангел Михаил: Пејачката се дотерала, а на свечената маса се погрижила за секој детаљ

Еспресо

(Фото) Ја раскопчал кошулата и ја залижал косата! Синот на Харис Џиновиќ со новиот изглед го привлече вниманието на девојките

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ повторно шокира, направи стој на раце среде студио и покажа повеќе одошто требаше

Еспресо

„Сè уште сум преплашена“: Српската пејачка била во авионот на „Ер Србија“ кој беше погоден од гром

Еспресо

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....