5.8 C
Скопје
00:54 - 1 април, 2026

Бојата на облеката ја отсликува вашата МЕНТАЛНА СОСТОЈБА и расположението

Потсетете се убаво што носевте изминатата недела. Која боја ја избравте? Каква беше ваквата облека?

Ако размислите, ќе поврзете дека често сте бирале бои кои се соодветни на вашето утринско расположение.

Британскиот психолог Керолин Мер препорачува следниот пат да изберете бои кои се спротивни на вашето расположение, а со тоа и да го победите доколкку е лошо.

Ова се нејзините совети:

1. Ако сте нервозни, Мер советува да избегнувате облека со црвена боја и наместо тоа да се одлучите за сина или зелена. За потпол изглед може да изберете и розови или нежно портокалови бои кои во себе содржат што помалку црвени тонови.

2. Ако сте тажни, во овој случај црвената боја ќе ви помогне да се наполните со енергија и веднаш да го подобрите расположението.

3. Ако сте изморени, спротивставете се со интензивна портокалова. Оваа боја носи доволно црвени тонови, а во исто време потсетува и на лето и топлина. Сепак, не ризикувајте да личите на морков и комбинирајте само едно парче или моден детаљ со оваа боја.

4. Ако сте лути и под стрес, обидете се со пастелни тонови на сина, зелена и беж. Овие бои може да придонесат да се разведрите и да воспоставите рамнотежа на емоциите.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....