08:04 - 9 ноември, 2026

Безобразно однесување: Шако Полумента го оставил на цедило колегата еден ден пред да снимаат спот

Пејачот Емир Брунчевиќ јавно откри дека колегата Шако Полумента го оставил на цедило буквално еден ден пред снимањето на нивниот заеднички спот.

Како што објасни во емисијата „Амиџи шоу“, Емир ангажирал цела екипа од околу 40 луѓе и ги покрил сите трошоци за снимањето на дуетот – песната „Дете улице“, која Полумента ја снимил пред дваесет години, а Брунчевиќ сакал повторно да ја оживее.

„Сè беше договорено, се сложивме околу секој детаљ. Ден пред снимањето ми јави дека е болен и дека нема да дојде. А потоа наш заеднички пријател ми испрати снимка како ужива на плажа и вика: ‘Ајде, дојди, прекрасно е времето!’“, раскажа Емир.

Водителот Оѓнен Амиџиќ изненадено праша: „Болен, а на плажа?“ на што Емир одговори: „Сè беше, само болен не беше. Но, нема врска, сè се случува со причина.“

Пејачот додаде дека од тогаш повеќе не е во контакт со Шако: „Во никакви односи не сме. Јас тоа никогаш не би му го направил на колега, особено кога се вклучени толку луѓе и организација.“

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....