12:42 - 29 ноември, 2026

Ава Карабатиќ влегува во „Елита 9“? По тешкиот период и смртта на татко ѝ, старлетата најави нов почеток во животот!

Поранешната учесничка во реалните шоуа и јавна личност, Ава Карабатиќ, повторно е во центарот на вниманието. Според најавите, таа би можела да биде дел од новата, деветта сезона на шоуто „Елита“.

До неодамна, Карабатиќ беше во тешка животна ситуација, откако го загуби својот татко Ивица, кој почина на 59-годишна возраст од срцев удар. Таа јавно побара финансиска помош преку социјалните мрежи за трошоците за погребот, велејќи дека нема од што да живее.

Сега, познатата хрватска старлета изгледа решена да го остави најтешкиот период зад себе. Со фотографија објавена пред зградата на телевизијата Пинк и кратка порака „Наскоро“, таа навести дека повторно ќе се појави пред камерите.

Покрај најавата за враќање на малите екрани, Карабатиќ најави и судска постапка против поранешната реалити-учесничка Бојана Павловиќ. Причината е, како што тврди, клевета и јавно блаћење на нејзино име преку социјалните мрежи.

„Доста беше. Не дозволувам повеќе моето име да се користи за евтини сензации. Наивната и луцкаста Ава повеќе не постои. Секој што ќе се обиде да ме понижува со лаги ќе одговара пред суд“, изјави Карабатиќ низ солзи.

Таа посочи дека Павловиќ во пренос на ТикТок собирала пари додека ја навредувала, што Ава го оцени како казнено дело.

Иако минува низ тежок период на жалост, Ава најави и преселба во Словенија, каде што, како што откри, една госпоѓа ѝ понудила голема поддршка и место за живеење.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....