04:15 - 9 ноември, 2026

Анџелина Џоли: Систем кој ме штити мене – но не и ќерка ми само поради бојата на нивната кожа, едноставно не е допустлив!

Анџелина Џоли, која ретко дава интервјуа, прозборе за „Харперс базар“ од карантинот во Калифорнија, каде што моментно се наоѓа со шесте деца.

Џоли зборуваше за пандемијата и за зачувување на здравиот разум во текот на тешките моменти, но и за „неподносливиот расизам во САД и потребата да се направат промени во законите“.

„Систем кој ме штити мене – но не и ќерка ми или кој било друг маж, жена или дете во нашата земја само поради бојата на нивната кожа, едноставно не е допустлив“, остро рече Анџелина, која својата ќерка Захара ја посвои во Етиопија.

Profimedia

„Изгледа дека светот се буди, дека луѓето го принудуваат општеството на подлабоко преиспитување. Мора сочувството и добрите намери да ги однесеме чекор понапред, да ги преточиме во закони и правила кои се борат против безобзирноста и структуираниот расизам, рече оскаровката, која донираше 200.000 долари на НААЦП фонд за правна одбрана по смртта на Џорџ Флојд.

Instagram

 

Што се однесува до самоизолацијата, Џоли не се жали дека и е здодевно.

„Како и многу други родители, фокусирана сум да останам мирна поради децата. Не сакам од мене да почувствуваат анксиозност, покрај сите грижи што ги чувствуваат. Целата моја енергија е насочена кон нив.“,

45-годишната актерка сподели две фотографии за списанието, кои ги снимил нејзиниот син Нокс.

Instagram
Instagram

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....