21:07 - 28 ноември, 2026

Ана Бекута плачела поради Цеца: По оваа кавга веќе не разговараат, а некогаш беа блиски

Пејачката Ана Бекута наводно се расплакала по жестока расправија со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Како што ексклузивно дознава српски „Скандал!“, на едно од последните снимања на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд дошло до вистински хаос. Имено, Ана Бекута и Цеца се скарале околу еден кандидат, по што започнале меѓусебни прозивки околу тоа „која има, а која нема срце“. Ниту една од нив не сакала да попушти.

Според извор кој бил присутен на снимањето, ситуацијата била премногу непријатна.

„Беше пожестоко од кога било. Толку многу се караа и атмосферата беше толку непријатна што воопшто не мислам дека таа кавга ќе се емитува во емисијата. Сигурно продукцијата ќе ја исече, но важно е да се знае дека се случи. Бекута не му даде глас на кандидатот на Цеца, а потоа настана проблем. Цеца е позната по тоа што ги брани своите кандидати, но овојпат работата отиде на личен план“, раскажува изворот.

Кавгата, која започнала зад судиската маса, продолжила и надвор од студиото.

„Тие две ја продолжија расправијата и во просторот каде што заедно ручаат. Се расправаа и на скалите додека се симнуваа кон таканаречената кујна. Во еден момент Ана Бекута дури и се расплака. Беше толку непријатно што сите останати само молчеа. Колку што знам, по тоа повеќе не проговорија ниту збор. Искрено мислам дека ќе треба долго време за повторно да ги закопаат воените секири“, додава изворот.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....