8.8 C
Скопје
00:11 - 20 октомври, 2026

Адријана Лима сакала да биде чесна сестра! Невина влегла во брак со Марко Јариќ, а тој ја изневерил со оваа старлета! (ФОТО)

Поранешната учесничка во „Парови“, Кристина Спремо има навистина бурно минато, а најконтроверзна беше кога се шпекулираше дека таа е виновникот за разводот на Адријана Лима и Марко Јариќ.

Кошаркарот, наводно ја изневерувал со Кристина и како што се пишувало, таа е директно виновна за разводот на познатиот пар.

 

View this post on Instagram

 

#strikeapose

A post shared by Kristina Spremo (@kristina_spremo) on

Како што тогаш се шпекулирало, Кристина и Марко се запознале во една дискотека, каде ги запознал заеднички пријател, а искрите помеѓу нив двајца се појавиле уште на самиот почеток. Таа наводно го освоила Јариќ со нејзиниот „валкан“ танц во неговиот скут.

 

View this post on Instagram

 

It’s finally here! New CLUB LIMA collection with @PUMA #ALxPUMA

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

За разлика од неа, Адријана Лима е нејзина потполна спротивност. Манекенката се сврши со српскиот кошаркар во јуни, 2008 година. Парот се сврши на денот за вљубените, наредната година. Во мај 2009 година беше објавено дека Лима барала српско државјанство, но тоа никогаш не и беше одобрено. Парот објави дека се разведува по пет години брак, а разводот бил официјален во март 2016 година.

Во април 2006 година во интервју за магазинот „GQ“ изјавила дека таа е невина  дека така ќе остане до бракот. Исто така изјавила дека абортусот е злочин и дека се согласува со се што црквата проповеда.

Познато е дека Лима секогаш ја носела Библијата во бекстејџот за да се помоли пред да излезе на пистата. Пред да стане манекенка, сакала да биде чесна сестра. Таа е многу спиритуална, верува во енергија, природа и духови.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....