17.8 C
Скопје
14:49 - 18 октомври, 2026

Аца Лукас не ја смета Цеца за идеална жена: „Јас сакам паметни жени, а рурални жени не ме интересираат“

Пејачот Аца Лукас реагираше на изјавата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, откако беше споменат меѓу „идеалните партнери“ што ѝ ги предложила вештачка интелигенција, но пејачката јасно стави до знаење дека не го смета за таков.

Лукас, пред снимањето на музичкото шоу, коментираше дека не му пречи што не се вклопува во нејзиниот избор, истакнувајќи дека ни таа не е по негов вкус.

„Мене не ми оди баш да ѝ бира вештачка интелигенција партнер. Драго ми е што не сум по нејзина мера, затоа што ни таа не е по моја“, изјави Лукас.

Тој додаде дека има јасни критериуми кога станува збор за партнерка.

„Јас сакам убави и паметни жени. Овие рурални девојки никогаш не ме интересирале“, рече пејачот.

Во разговорот со новинарите се осврна и на други теми, меѓу кои и на колегата Тони Цетински, за кого изјави дека направил грешка, но дека верува оти зад неговите постапки стојат и други фактори.

„Тони го познавам. Мислам дека и тој се кае. Направи глупост, но не мислам дека сè зависи само од него“, рече Лукас, додавајќи дека музичарите треба да шират љубов, а не поделби.

Инаку, во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Цеца доби листа од вештачка интелигенција со имиња на мажи кои наводно најмногу ѝ одговараат – Новак Ѓоковиќ, Жељко Јоксимовиќ и Аца Лукас.

Пејачката на тоа кратко прокоментира дека „сите се одлични, освен последниот“, алудирајќи токму на Лукас.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....