20.8 C
Скопје
13:41 - 12 мај, 2024

Аца Лукас изнесе „валкан веш“ за поранешната сопруга: „Можам да имам секс со тебе само кога сум пијан“

Српскиот пејач Аца Лукас своевремено беше во брак со Соња Вуксановиќ, но се разведоа пред неколку години, пишува „Куир“

Во својата биографска книга „Ова сум јас“, Аца Лукас претстави детали од приватниот живот, меѓу кои и детали од врската со Соња, која му беше најголема љубов во животот.

Тој ја опиша нивната комплицирана врска полна со страст и љубов, како и проблеми на следниов начин:

„Ние скокавме еден на друг, но и се сакавме! Ја сакав искрено и ќе приметев да не ме сакаше. И така полека сè почнува да го губи своето значење. Следните три години ги поминав во мојат сопствен стан во дневна. Таа спиеше со децата во спалната соба. Тие три години се преселив на софата. Буквално, се преселив. Не можев да спијам, цела ноќ седев и размислував. Ја сакав Соња, а таа полека ме убиваше, извлекувајќи ме од животот на кој бев навикнат и во кој се чувствував слободно и добро. И не можев да се оттргнам. Нашите кавги беа страшни. Ние се каравме пред децата. Од дерењето ни се гледаа вените на вратот и делуваше дека ќе ни експлодираат. И двајцата бевме тврдоглави, не го прифаќавме нашиот дел од вината. Донекаде можам да разберам кога има расправија пред други луѓе и кога не сакаш да признаеш дека си виновен пред другите. Но, не можев да разберам кога бевме сами во станот и кога таа тврдеше дека нешто е вистина, а знам дека не беше. Во судир на две ега, таа сакаше да победи, повикувајќи се на лага. Сè на сè, најголемата грешка на Соња е што не се согласи на компромис. А, мојата најголема грешка е што ѝ придавав преголемо значење и ја воздигнав во јавноста, создавајќи впечаток дека сме рамноправни, што секако не беше точно“, пишува во книгата на Аца Лукас.

„И не се срамев што се претворив во мојата спротивност. Причината беше едноставна: го правев тоа за Соња, за да ја задоволам. И не ми е гајле ако кажат дека сум папучар. Јас бев единствениот што немав афера додека ја сакав жена ми. А кога љубовта ќе заврши – збогум. Во паралелен живот нема со сила одржување на брак: дома жена која не можеш да ја поднесеш, а во гарсоњера под кирија – швалерка која ја лажеш дека се разведуваш. Јас сум фраер за тие филозофи. Додека бев во еден од другите мои бракови, никогаш не влегов во кафеана со друга жена, само со жена ми… Мојата драга Соња целосно погрешно го разбра моето однесување. Откако ме потисна, ме претвори во нејзина идеја за идеален маж, таа почна да замислува дека е поважна од мене во мојата работа. Како нашата врска влијаеше на децата? Страшно! Не живеевме заедно, па еднаш, во пресрет на моето патување во Цирих, застанав на Бежанијска Коса. Сакав да ги видам децата, Софија и Викторија. Ме притискаше со прашања и изјави за мојот сегашен ергенски живот. Тоа не беше говор туку смртоносен рафал. ‘Пушти ме, те молам, дојдов да ги видам децата. Патувам за Цирих’. ‘Клошар, ќе си играш со мене!’ Ѝ кажав: ‘Можам да спијам со тебе само кога сум пијан!’. Страшни реченици. Ја сакам и ја навредувам. Кога сакав да заминам, таа ми влезе во лице: ‘Да не сакаш да ме удриш? Поган јазик дури и за разбеснета жена…“.

Слични објави

„Добив право да влезам во станот! По пресудата Николина Пишек директно му се обрати на Миша Гроф

jasmina.kantardzieva

Кој е швајцарскиот победник на Евровизија: „Јас сум само Немо, не се идентификувам како маж или како жена“

еспресо

Марија Шерифовиќ гневна на гласањето на хрватското жири на Евровизија: Само три бода Хрватска ѝ даде на Србија

еспресо

(Видео) Брас Брадерс и Мијата со нова песна: Ова е наша прва соработка со македонски изведувач

еспресо

(Фото) Шокантна одлука на Карлеуша! Отвора профил на Онлифенс, популарна страница за возрасни каде познатите заработија милиони

Еспресо

Сè ќе им оди одлично: Средината на мај ќе им донесе космичка среќа на три хороскопски знаци 

еспресо
Се вчитува....