0.8 C
Скопје
01:48 - 12 март, 2026

4 хороскопски знаци кои најчесто ги погодува депресијата

Депресијата е често и сериозно нарушување кое предизвикува долготрајно чувство на тага, безвредност, анксиозност и губење интерес за секојдневните активности. Депресијата е нарушување кое може да се појави кај секого, и тоа од разни причини.

Според астролозите, депресијата е поврзана и со нашиот хороскопски знак, па поради ова некои знаци се посклони кон депресија од другите. Најчесто овие знаци се почувствителни и поинтуитивни. Покрај тоа улога играат и неколку лични одлики, како ниска самодоверба, самокритичност, песимизам и слично. Погледнете за кои знаци станува збор…

1. Риби

Рибите имаат најголеми шанси да страдаат од депресија. Тие се склони кон тоа да бидат маченици и да се жртвуваат. Овие луѓе се многу добри, но можат самите да се уништат, премногу да зависат од другите, а понекогаш и да изгубат допир со реалноста. Обично светот го гледаат преку „розови очила“ и нивниот поглед кон животот не е реален. Токму ова многу често ги остава разочарани. Кога Рибите се депресивни, тоа е најчесто поради тоа што не можат да го контролираат својот живот колку што сакаат. Сепак, тие секогаш одбираат да страдаат во тишина, дури и кога им е најтешко. За да ја избегнат депресијата, Рибите би требало да престанат да се жртвуваат и да не се обидуваат да ги задоволат сите околу нив.

2. Рак

Ракот е уште еден знак кој е навистина склон кон депресија и тага. Овие луѓе се многу чувствителни, грижливи и сочувствителни. Но, често се чувствуваат како никој да не се грижи за нив. Бидејќи Раковите се „мајките“ во астрологијата, тие имаат потреба да бидат потребни и да бидат сакани. Потребно им е признание и внимание за да се чувствуваат среќно и сигурно во животот. Нивната депресија често е резултат на тоа што премногу се вклучуваат во животот на другите и тоа што не можат да ја контролираат својата тага. На Раковите им е навистина тешко да се отворат пред другите и да ги кажат своите потреби, па и тие одбираат да страдаат во тишина. Ова се разбира, резултира со депресија. Лекот за нивната тага е да се опкружат со луѓе и семејство кои ќе ги поддржуваат и кои ќе ги разберат нивните чувства.

3. Скорпија

Скорпиите се луѓе кои ги чувствуваат емоциите длабоко и интензивно, па не е ни чудно што се склони кон депресија повеќе од другите знаци. Скорпиите секогаш се емоционално вклучени во нивните врски. Ова значи дека ако нешто не е во ред во врската, тие веднаш стануваат тажни и анксиозни. Едни од најголемите причини за појава на депресија кај овие луѓе се осаменоста, загубата и разделбата. Сепак, Скорпиите никогаш нема да признаат дека се депресивни или ранливи бидејќи се плашат дека некој ќе го искористи ова против нив. За да ја избегнат тагата, важно е да научат да ги контролираат нивните интензивни емоции. Исто така ќе им биде од корист ако имаат пријател со кој ќе можат да ги споделат нивните најдлабоки мисли и чувства.

4. Јарец

Јарците се склони кон депресија поради неколку причини. Иако овие луѓе обично остануваат смирени и под голем притисок, кога нивните емоции не се искажани тие може да завршат со депресија. Јарците најчесто се со мрачно расположение и позатворен ум и речиси се навикнати на депресивни ситуации. Па, депресијата не е нешто сериозно за нив. Овие луѓе често се чувствуваат одговорни за сè и секого, и кога не ги достигнуваат нивните високи очекувања, чувствуваат вина, па стануваат депресивни. Тие треба да научат да си веруваат и себеси и на другите. Треба да одберат неколку блиски и верни пријатели со кои ќе можат да ги споделуваат своите чувства кога се тажни.

Слични објави

Какви се хороскопските знаци под чаршафите? Кој е најиздржлив, а кој глуми оргазам?

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....