23.8 C
Скопје
14:40 - 1 октомври, 2026

3 хороскопски знаци кои ќе доживеат ГОЛЕМА СРЕЌА НА ЉУБОВНОТО ПОЛЕ во октомври

Мора да признаеме дека октомври не е баш најубавиот месец во годината. Времето станува се поладно, променливо, дождливо, на последните сончеви денови полека им доаѓа крајот и мора да излегуваме од дома наоблечени. Сепак, на некои хороскопски знаци месецот октомври може да им донесе пријатни изненадувања на љубовен план. Дознајте дали и вие сте дел од нив и дали ќе доживеете голема љубовна среќа овој месец…

Рак

Во текот на октомври, животот на Раковите ќе биде полн со уживања. Овој период ќе им биде поволен за љубовни состаноци, за почеток на нови љубовни приказни, па дури и тајни врски и искуства, на кои секогаш ќе се сеќаваат со насмевка на лицето. Припадниците на овој знак ќе откријат нешто ново за себе, поврзано со нивните желби и копнежи во љубовниот живот. Освен тоа, Раковите месецов ќе имаат можност за проширување на семејството со нови членови.

Девица

Разговори и патувања. Уживање и забава! Месецов Девиците можат да очекуваат љубовни изјави, свршувачка, чувствителни и искрени пораки и успешни договори. Можно е да патуваат поради љубовта или да запознаат личност која многу ќе им значи. Но, исто така, можат да паднат во стапица! Можно е да наседнат на лажни ветувања кои немаат никаков допир со реалноста. Девиците треба да внимаваат да не ги мешаат парите и љубовните интереси. Освен тоа, се друго е добро и позитивно.

Јарец

Јарците месецов ги очекува голема среќа. Октомври оваа година има многу што да им понуди на љубовен план. Ќе им се отвораат љубовни прилики на разни културни настани, што значи дека својата подобра половина ќе можат да ја најдат на некое случување или собир на луѓе со заеднички интереси, цели и хобија. Во овој месец многу се важни комуникацијата, соработката и контактите со странци.

Слични објави

„Игор го немам видено 15 дена“: Кеба отворено за синот, бремената снаа и подготовката за новата животна улога

Е.А.

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

Е.А.

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо

(Фото) Сè „пука“ од страст – Сара Јо ужива во прегратките со Алексеј Бјелогрлиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 1 октомври: Трпението конечно ќе ви се исплати

apostolova
Се вчитува....