15:54 - 5 декември, 2025

АЛЕК БОЛДВИН СЕ ОГЛАСИ ПО ТРАГИЧНАТА НЕСРЕЌА НА СЕТ: Моето срце е скршено

алек болдвин

Актерот Алек Болдвин се огласи на „Твитер“ во врска со инцидентот на сетот на снимањето на филмот „Rust“ во кој го рани режисерот Џоел Соуза и ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс пукајќи од реквизит. Актерот истакна дека е шокиран и тажен од нејзината трагична смрт.

(ВИДЕО+ФОТО) ОВА Е ЖЕНАТА КОЈА ЈА УБИ АЛЕК БОЛДВИН: Вистински куршуми во пиштол – филмски реквизит!

„Нема зборови со кои можам да го опишам мојот шок и тага во врска со трагичната несреќа што го одзеде животот на Халин Хачинс, сопруга, мајка и наша колешка, која длабоко ја цениме“, рече Болдвин.

Тој истакна дека целосно соработува со полициската истрага „за да се утврди како дошло до оваа трагедија“ и дека бил во контакт со нејзиниот сопруг со давање поддршка нему и на неговото семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Latidos del Cine (@latidosdelcine)

„Моето срце е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Халина“, рече Болдвин.

Во четвртокот вечерта, канцеларијата на шерифот на Санта Фе потврди дека Болдвин пукал од реквизитен пиштол, ја усмртил Хачинс и го повредил Соуз на сетот филмот „Rust“ во кој Болдвин глуми и е во улога на продуцент.

42-годишната Хачинс со хелихоптер била итно пренесена во болница во Ново Мексико, но за жал, набргу потоа таа починала. Соуз бил пренесен во Регионалниот медицински центар Кристус Сент Винсент во Санта Фе и бил пуштен на домашно лекување во текот на денот.

Во врска со инцидентот не е покренато обвинение и никој не е уапсен. Според Канцеларијата на шерифот, истрагата се уште е „отворена и активна“ и тие продолжуваат со испитување на сведоците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miz Hollywood (@mizhollywood)

„Rust Movie Productions LLC“ објави соопштение во четвртокот вечерта, во кое се вели: „Целата актерска екипа и вработените на сетот се апсолутно уништени од денешната трагедија и изразуваме длабоко сочувство до семејството и најблиските на Халина. Ја прекинавме филмската продукција на неопределено време и во целост соработуваме со исрагат на полицијата во Санта Фе. Ќе обезбедиме психолошко советувалиште на сите вклучени во филмот додека работиме на кривично гонење на овој ужасен настан“.

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....