6.8 C
Скопје
02:42 - 26 април, 2024

ИЗБОРОТ НА КАФЕ ЈА ОТКРИВА ВАШАТА ЛИЧНОСТ: Кое е вашето омилено – еспресо, капучино, микијато?

кафе

Ако претпочитате да пиете фино еспресо, веројатно сте прилично авантуристички расположени, силен тип на човек. Еспресо пијат луѓе со силен карактер кои знаат што сакаат и не се плашат да го побараат тоа, пренесува „Дејли Мејл“.

Еве што открива вашето омилено кафе за вашата личност.

Лате макијато

макијато

Дарен Стентон, експерт за човечко однесување од Велика Британија смета дека луѓето кои претпочитаат да пијат кафе со повеќе топло млеко и пена (60 мл еспресо, 250 мл млеко и 50 мл млеко со пена) се вистински познавачи на кафе.

„Тие луѓе сакаат само да се напијат нешто едноставно, без компликации. Ова се луѓе кои веројатно не се толку авантуристи и не сакаат да ризикуваат премногу. Можно е да се малку досадни“, објасни тој.

„Мислам дека тоа се поединци со прилично благи манири, пријатни, среќни да одат таму каде што одат сите други. Зашто, што може да тргне наопаку со малку кафе и многу топло млеко“, додава Дарен.

Еспресо

еспресо

„Ако најмногу сакате да пиете фино еспресо (30 мл кафе еспресо), веројатно сте прилично авантуристички, силен тип на човек. Еспресото го сакаат луѓе со силен карактер кои знаат што сакаат и не се плашат да го побараат тоа“, вели Дарен.

„Најдобар начин да се опише некој што пие еспресо, па дури и двојно еспресо, е да го споредите со некој што ќе влезе во бар и ќе пие виски или рум. Тоа се поединци кои не се склони кон глупости и се многу отворени“, објаснува тој.

Капучино

капучино

Капучино (40 мл еспресо и 80 мл млечна пена) нарачуваат луѓе кои се малку повеќе склони кон авантури од оние кои пијат лате, а помалку од оние кои пијат еспресо.

„Тие бараат нешто повеќе од животот и би можеле да се сметаат за позабавни од луѓето кои пијат лате. Подготвени се да зачекори во непозната територија“, вели експертот.

„Тоа се обично луѓе кои би можеле да откријат нова вештина или да посетат место на кое не биле, а ги привлекувало. Тие се прилично слободоумни и секогаш подготвени за смеење“, додава Стентон.

Ледено кафе

ice cofee

„Иако е доста освежувачки пијалак во текот на летото, луѓето што нарачуваат ладно кафе (120 мл кафе, сладолед од ванила и крем) во зима би можеле да се окарактеризираат како несоодветни, но во најдобрата можна смисла“, вели Дарен.

„Тоа се поединци кои одат против правилата, потенцијално работат сами за себе и играат по свои правила. Исто така, ваквиот тип луѓе би можеле да бидат тврдоглави во одредени области од животот. Тие се оние кои ќе седат надвор кога врне додека сите останати брзаат да најдат засолниште“, објаснува тој.

Мока

мока

„Изборот на кафето мока е доста интересен бидејќи е класифициран како „најслаткото“ од сите пијалаци на база на кафе. Тој е еден од најфотографираните пијалаци бидејќи е визуелно уникатен“, вели експертот.

„Луѓето кои нарачуваат кафе мока се екстровертни, раскошни и потенцијално доста гласни. Можно е тие да се душата на секоја забава, сакаат да се издвојуваат од толпата и да бидат единствени“, додава тој.

Црно кафе

црно кафе

Овој тип на кафе го пијат луѓе кои на некој начин се слични на оние кои избираат еспресо, но во поблага варијанта. Американско/црно кафе (60 мл еспресо кафе и 90 мл вода) често го избираат луѓе кои внимаваат на својатат линија бидејќи е екстремно нискокалорично.

„Овој тип на кафе го сакаат одлучни и фокусирани луѓе, оние кои ја имаат движечката сила во себе, се грижат за себе, силни се и самостојни, речиси себични“, објасни Дарен.

Кортадо

кортадо

„Силно, мало, ефикасно и прецизно – ова се карактеристиките на луѓето кои пијат кортадо (150 мл кафе и 150 мл млеко). Најверојатно се креативни или луѓе склони да дизајнираат работи за живот, но овој пијалак го пијат луѓе кои сакаат правила, структура и не се склони кон промени“, вели Дарен.

„Тоа се интелигентен тип на луѓе, или барем сакаат да мислат дека се. Имаат тенденција да бидат навистина екстровертни. Знаат без проблем да го кажат своето мислење доколку се сигурни во тоа што го зборуваат и со задоволство ќе го поддржат со аргументи“, додаде тој.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....