15:54 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Какво време ќе имаме овој викенд?

– Како што најавивме, за време на овој викенд, како и во почетокот од следната недела ќе имаме повеќе облачност, а особено за викендов ќе има услови и за послаби локални врнежи од дожд. Викендов исто така ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Температурите на воздухот, особено од недела ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, додека во почетокот од следната недела наутро понекаде истите ќе се спуштаат дури до околу -3 степени, со што на некои места ќе има појава и на мраз, особено на оние повисоки и планински места.

– Во Скопје и околината викендов ќе има нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додава метео прогнозерот.

Според Попоски, температурата особено од недела ќе бележи тенденција на опаѓање, и максималната дневна ќе се искачува до околу 15 степени, додека во почетокот од следната недела наутро истата се очекува да се спушти до околу 2 степени над нулата.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....