19:59 - 12 април, 2026

15 МАЈМУНИ НЕ ГИ ИЗДРЖАА ЕКСПЕРИМЕНТИТЕ НА ИЛОН МАСК: Основачот на компанијата „Неуралинк“ неодамна објави дека планира да започне со тестирање на луѓе!

Биотехнолошката компанија на милијардерот Илон Маск, „Неуралинк“, развива микрочипови дизајнирани да бидат вградени кај луѓето за следење и потенцијално стимулирање на мозочната активност, помагајќи да заздрават од повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок.

Експериментот веќе е применет на мајмуни. Групата за заштита на животните наречена „Одбор на лекари за одговорна медицина“ наведува дека во периодот од 2017 до 2020 година, микрочиповите на Неуралинк биле вградени во мозокот на 23 мајмуни на калифорнискиот Универзитет Дејвис, а потоа 15 мајмуни не го издржале експериментот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zaraphone (@zaraphone_official)


По анализата на ветеринарните извештаи добиени од Универзитетот, групата дошла до заклучок дека мајмуните вклучени во експериментот на Неуралинк биле злоупотребувани и, како што се наведува, изложени на екстремно страдање.

Во интервју за „Бизнис инсајдер“, претставникот на таа група Џереми Бекам изјави дека мајмуните кои го преживеале експериментот биле префрлени во објектот на Неуралинк во 2020 година пред компанијата да престане да соработува со универзитетот.

По тој повод, групата за заштита на животните се обратила и до Министерството за земјоделство, барајќи истрага, наведувајќи потенцијални прекршувања на американскиот закон за благосостојба на животните.

Неуралинк не ги коментираше овие наводи, а портпаролот на Универзитетот во Калифорнија за „Њујорк пост“ изјави дека надлежниот универзитетски одбор „темелно го разгледал и го одобрил“ проектот.

На крајот на 2021 година, Маск објави дека Неуралинк може да започне со тестирање на луѓе оваа година.

Слични објави

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.
Се вчитува....