7.8 C
Скопје
06:44 - 27 април, 2024

Преку ден син на претседател, навечер „дрег“ кралица (ФОТО)

Естанислао Фернандез, синот на претседателот на Аргентина, има 24 години и студира графички дизајн и илустрација, работи за осигурителна компанија и живее со својата девојка во стан во Буенос Аирес. Меѓутоа, тој не е познат како син на претседателот, туку популарноста му расте благодарение на имиџот на неговото алтерего Дихзи.

На денот на инаугурацијата на неговиот татко, Алберто Фернандез, Естанислао, со марама во боја на виножито во џебот на неговото одело, седел во првите редови во аргентинскиот парламент.

Естанислао на социјалните медиуми е познат како „drag queen“ и „cosplayer“ (претставување на специфични ликови) на социјалните мрежи.

Во интервју за радиопрограмата „Не може да се живее од љубов“, рекол дека секогаш лежерно ја прифаќал својата сексуалност, иако во училиште му се потсмевале.

„Отсекогаш бев многу женствено момче и ме нарекуваа со секакви имиња“, се присеќава тој.
Одлучил да го смени училиштето и родителите го поддржале во тоа.

Денес активно го користи Инстаграм и има повеќе од 40.000 следбеници. Без оглед што е инфлуенсер, според неговите зборови тој е „обичен човек, како и секој друг“.

„Треба да плаќам за стан, картица и имам долгови“, рекол тој.

Што е „дрег кралица“?

За Естанислао да се биде „drag queen“ не значи само да се облекуваш како жена или да праваш женски имиџ, туку и да се изразуваш како уметник. Естинислао објаснува дека „дрег“  е уметност, која ги има своите почетоци во театарот.

Зборот „дрег“ се појавува во времето на Шекспир, кога на жените не им било дозволено да глумат во театар и мажите ги глумеле женските улоги.

„Оттаму е изразот „дрег“  – dressed as a girl (облечен како девојка)“, појаснил тој.

View this post on Instagram

Estilo y elegancia pa toda la vagancia

A post shared by ⚡ D Y H Z Y ⚡ (@dyhzy) on

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....