6.6 C
Скопје
03:52 - 1 април, 2026

ВИСТИНСКО ШОУ ВО ИСТАНБУЛ: Пилот леташе низ два тунели со 245 км/ч

Италијанскиот професионален пилот Дарио Коста во саботата изврши неверојатен подвиг и на тој начин напиша ново поглавје во историјата на воздухопловството – тој прелета низ два патни тунели надвор од Истанбул со брзина од 245 километри на час за помалку од 44 секунди.

41-годишниот Коста има повеќе од 20 години искуство во летање, управувал со повеќе од 60 модели на авиони и од 5.000 часа летање дури половина ги поминал изведувајќи акробации.

Ова бил неговиот најсложен потфат во кој учествувал тим од повеќе од 40 луѓе и бил директен резултат на повеќе од една година подготовки и употреба на специјална технологија. Целиот проект бил спроведен во тајност.

Тунелот Чаталка, низ кој летал овој храбар пилот, бил изграден првенствено за патен сообраќај и се користи од март 2020 година.

Од полетувањето до излезот од вториот тунел, летот траел 43,44 секунди, односно поминал 2,26 километри, достигнувајќи брзина од 245 км/ч.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....