16:27 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Нова снежна покривка, проверете кога

– Kако што најавивме, до сабота времето во Македонија ќе се задржи стабилно и суво, односно сончево со мала до умерена локална облачност, додека во сабота полека облачноста ќе се зголемува. Нов влажен бран од запад нашата територија ќе ја зафати во текот на ноќта сабота кон недела и во недела, и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег. Да напоменеме дека утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени-вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион до сабота времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, додека во сабота полека облачноста ќе се зголемува. Нови врнежи претежно од дожд се очекуваат во текот на ноќта сабота кон недела, како и во недела, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени.

Попоски напоменува дека влажниот и студен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата теритоија за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе услови формирање на снежна покривка на повисоките места и на планините, а услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои од пониските места. Особено во недела ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југоисточен правец, додека во почетокот на следната недела ветерот ќе го промени својот правец во северен.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....