14:47 - 13 ноември, 2026

ВИДЕО+ФОТО: Мода во време на корона – Чевлар од Романија дизајнираше неверојатни чевли со кои социјалната дистанца е загарантирана

Чевлар од Романија кој веќе дизајнираше и рачно изработи огромни чевли за да ги заштити луѓето на почетокот од пандемијата на коронавирусот, сега излегува со нова колекција, но со истата мисија.

Григоре Луп, чевлар кој поседува продавница во романското место Клуж, уште во мај изработи чевли со европска големина, односно со број 75.

Фото: Твитер

Тој изјави дека таквата идеја му помогнала да ја одржи својата работилница во Трансилванија.

Луп раскажа дека дошол до таа идеја кога забележал дека луѓето стојат премногу блиску еден до друг и ги игнорираат мерките за физичка дистанца од 2 метри.

Фото: Твитер

Покрај тоа што добива вообичаени нарачки, Луп го контактирале и уметници, вклучувајќи и една белгиска танцувачка група, но и еден американски рок бенд.

Чевларот инаку изработува чевли по нарачка за луѓе кои носат броеви надвор од стандардните, но овој пат клиентите му се јавуваат и со барања за чевли кои ќе им обезбедат социјална дистанца.

Григоре изработил нов пар чевли, исто така со број 75, за новиот бран на пандемијата, а цената на еден пар изнесува 150 евра.

Фото: Твитер

„Чевлите се поставени со крзно и имаат дебел ѓон, а за нивната изработка е потребно 3 пати повеќе кожа отколку за обичен пар чевли“, вели Луп кој со овој занает се занимава веќе 4-та деценија.

Луп претходно изработувал обувки за театри, опери, фолклорни групи, но бидејќи обемот на работа бил намален поради пандемијата на Ковид-19, тој морал да пронајде нов извор на приходи.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо
Се вчитува....