Откако венчавката е одложена два пати оваа година, „заљубените“ вереници конечно станаа маж и жена…
Бодибилдерот од Казахстан конечно се ожени со својата сакана секс кукла, откако ја запроси во декември 2019 година.
Јуриј Толочко силиконската госпоѓица ја запроси минатата година, но нивната венчавка во март беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.
Потоа дошло до уште едно поместување на церемонијата, откако Толочко беше нападнат на трансродов собир во октомври, но на крајот тие сепак станаа маж и жена.
Минатата година локалните медиуми пренесоа дека Толочко ја запросил Марго по осум месеци врска.
Тој изјави дека и покрај нивната „кавга“, тој ја платил нејзината пластична операција бидејќи таа имала „комплекси“ и дека ја однел на клиника.
Толочко изјави дека Марго се чувствувала многу „самокритично“ кога тој ја објавил нивната врска.
„Имаше многу критики која ја претставив пред светот, па започна да чувствува комплекси поради кои се одлучивме да оди на пластична операција. Промени многу нешта. Тоа е вистинска клиника со вистински доктори“, нагласи тој.
Тоа што е побизарно во целата приказна е што Толочко тврди дека Марго работи како келнерка во локалниот паб.
„Не може сама да оди, потребна и е помош. Не знае да готви, но ја обожава грузиската кујна. Марго кажува пцовки, но сепак е нежна душа“, објасни бодибилдерот.
Тој откри дека се запознале во бар, кога еден друг маж и се нафрлал, а тој „скокнал да ја заштити“.