10.8 C
Скопје
14:37 - 19 декември, 2024

Срцепарателното писмо на момчето кое мораше да го напушти своето куче (ФОТО)

Во животот понекогаш мораме да донесеме тешки одлуки иако знаеме дека тие одлуки ќе ни го скршат срцето на парчиња. Пред неколку дена, една таква одлука мораше да донесе едно 12-годишно момче. Сигурни сме дека му било ужасно тешко да го направи тоа што го направи, но во тој момент не мислел на себе. Пред вратите на прифатилиштето тој го оставил своето малечко милениче во кутија и покрај кутијата оставил писмо со плишана играчка за да му биде малку полесно на неговото кученце.

Facebook/Xollin

„Се викам Андреас и имам 12 години. Јас и мојата мајка одлучивме вам да ви го оставиме кучето, поради мојот татко кој сакаше да го продаде. Тој секогаш го удира и тепа, а еднаш го шутна толку силно што му го повреди малото опавче. Се надевам дека ќе го примите во вашето прифатилиште и ќе се погрижите за него. Му ја оставив плишаната играчка за никогаш да не ме заборави“, пишува во писмото кое ги скрши срцата на многумина ширум светот.

Facebook/Xollin

Кога од прифатилиштето „Xollin“ го споделиле писмото и приказната на малечкото момче и неговото кутре Рене, добиле дури 300 пораки од луѓе кои сакале да го вдомат. Но, пред да се случи тоа, кученцето мора да заздрави и да се опорави од повредите. Од прифатилиштето се заблагодариле на сите луѓе кои пратиле пораки за вдомување на Рене и додале дека би било убаво доколку некои од нив би дале шанса и на другите миленичиња кои се наоѓаат таму. Кога сите тие пораки за Рене би се пренеле на другите миленичиња, прифатилиштето би се испразнило во еден ден.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....